web admin

Energy New Call opened today: Welcoming new project proposals on energy efficiency

Energy New Call opened today: Welcoming new project proposals on energy efficiency

Are you interested in submitting a project proposal to receive EU funding? The new call for Horizon 2020 Energy Efficiency project proposals has opened today 25 January 2018.  With a budget of over €212M for 2018 and 2019, the Secure, Clean and Efficient Energy topics offer plenty of opportunities for innovative project proposals to receive funding.

 

2018 Funding areas

The areas we aim at tackling will fund projects on: -buildings renovation;

-integrated home renovation services;

-next-generation of energy performance assessment & certification;

-heat/cold recovery of industrial waste;

-capacity building for energy audits;

-mainstreaming of energy efficiency financing and its further innovation;

-project development assistance;

-new energy labelling, modelling energy efficiency & energy demand;

-supporting public authorities to implement the Energy Union;

-mitigating household energy poverty;

-role of consumers in changing the market;

and

-enabling the next-generation of smart services integrating energy efficiency.

Tips for preparing your proposal

There’s no time like the present to start preparing your project proposal. Take a look at the H2020 Energy Info Days presentations to obtain tips and learn about best practices to help you submit excellent project proposals.

web admin

Основно училиште од Грција за својот Еразмус+ проект, доби грант од 11 000 евра

„Второто основно училиште“ од Јаница (Пазар) во Грција, аплицираше за грант од програмата ЕРАЗМУС + и доби позитивен одговор за предложениот проект.

Целта на проектот „Надградени наставници, среќни и успешни ученици“ е да се соочаат со предизвиците и да се задоволат барањата на современите трендови во наукатата и образоването преку поттикнување иновации и доделување на европска димензија на училиштaта.

Поточно, училиштето кое ќе учествува во проектот сака да го подобри квалитетот на образованието и да ги зајакне вештините на наставниците.  Тука се подразбираат транзиција кон дигитално учење, усвојување на образовни и технолошки иновации, поддршка за учење и нови методите на обука во рамките на службата.

Проектот вклучува учество на 5 од вкупно 40 наставници од училиштето. Наставниците се избрани од Асоцијацијата на наставници врз основа на нивните јазични вештини, знаење во областа на ИТ, нивната подготвеност да следат обуката, како и да промовираат иновации и европска димензија и да споделуваат знаења со колегите.

 

Преку проектот, наставниците ќе може да создадат атрактивни средини за учење со цел да ги исполнат потребите на учениците, кои ќе уживаат во учењето преку новите методи.  Долгорочни придобивки од проектот се- создавање позитивна средина, прогресивна и успешна транзиција кон дигиталното учење, зголемување на интересот за училишните активности кај учениците.

Училиштето како партнер, понатаму ќе учествува и во други европски проекти и ќе им помогне и на други училишта кои сакаат да земат пример за интернационализација., како и имплементација на нови иновативни образовни практики.

 Целта на овој проект е да се создаде училиште што ќе понуди креативна, атрактивна средина за учениците и оптимистички модел за наставната заедница.

Училиштето за овој проект, од европската програма ЕРАЗМУС+ ќе добие неповратен грант во висина од 11 040 евра за реализација на сите активности. Проектот ќе трае се до 31.05. 2018 година.

Дознајте за сите можности кои ги нуди европскта програма ЕРАЗМУС+. Сите информации поврзани со оваа програма, како и условите да аплицирате за грант, може да ги прочитате ОВДЕ



web admin

Проект на турска невладина организација добитник на Еразмус+ грант од 17 000 евра

Проектот „Да се сретнеме на Медитеранот“ има за цел промовирање на волонтерски активности со тоа што им дава можност на младите луѓе да бидат волонтери.

Главна цел е да се ослободат од прерасудите, да се зголеми почитта и толеранцијата, да се развие соработка и волонтерска услуга со културен дијалог и методи за неформално учење.

Невладината организација која го спроведува проектот ќе биде домаќин на четворица учесници во период од 6 месеци. Од учесниците е  побарано да понудат волонтерски услуги во организацијата DÖGEM (Youth Youth Parliament) и Expo 2016 Antalya.

Ќе се користат методи за образование на ворзани, неформални приоди за едукација и ќе се интензивира меѓукултурниот дијалог и практично искуство. Како резултат на тоа, проектот ќе овозможи личен развој на волонтерите и културна размена меѓу земјите.

Проектните активности ќе се спроведуваат во рамките на хуманитарните принципи и вредностите на Европската Унија, како што се демократско учество, транспарентност, почит, мир и толеранција. Затоа ќе биде нагласена и важноста на социјалната инклузија и активното граѓанство. Покрај тоа локално и меѓународно ќе се подигне свеста за овие прашања.

Овој проект ќе биде со вкупно времетраење од 16 месеци, а од програмата Еразмус + за проектот се издвоени 17 192 евра.

Доколку сакате да дознаете повеќе за можностите што ги нуди европската програма Еразмус +, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

web admin

Универзитетот од Единбург со 100 милиони евра грантови од Хоризон 2020

Универзитетот од Единбург, основан е во 1582 година и е еден од најстарите шкотски универзитети.

Моментално е рангиран како 19-ти најдобар универзитет во светот, а 6-ти во Европа. Во историјата играл важна улога за подобрување на интелектуалниот имиџ на градот Единбург во Шкотска, а за тоа допринеле и многу звучни имиња од науката. На овој универзитет студирале 21 добитник на Нобелова награда, двајца добитници на Пулицер, тројца премиери на Велика Британија, олимписки медалисти како и дел од најголемите инвентори: Александар Грахам Бел, изумителот на телефонот, Чарлс Дарвин, Томас Бејс, Џејмс Максвел и многу други.

На универзитетот од Единбург се школуваат 36,491, а годишно аплицираат околу 50 000 потенцијални студенти, но секако се врши ригорозна селекција на кандидатите.  Поделен е на три колеџи и ги опфаќа општествените и социјалните науки, наука и инжинерство и медицина и ветерина медицина.

Поради репутацијата која ја ужива како и бројните иновации, само во последните три години во период од 2014-2016 година, од програмата Хоризон 2020 е добитник на грантови во висина од 100.521.311 евра. Добиените неповратни финансиски средства се распределени за вкупно 142 проекти.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020, како и за условите кои ги нуди доколку сакате да аплицирате со проект, сите информации може да ги најдете ТУКА.

web admin

„Max Planck Society” со рекордни 443 милиони евра од програмата Хоризон 2020

Max Planck Society for the Advancement of Science“ е независна, невладина и непрофитна асоцијација на германските истражувачки институти.

Основана е во 1912 година, со седиште во Минхен, а името го носи по поранешниот претседател, теоретскиот физичар Макс Планк. Под асоцијацијата спаѓаат 83 институти со 17 000 вработени, меѓу кои 5470 научници.

Има водечка репутација во светот, кога се во прашање истражувањата од областа на технологијата и науката. 33 научници од „Max Planck Society” се добитници на Нобелова Награда, а дел од оваа организација бил и Алберт Ајнштајн.

Бидејќи организацијата и 83-те институти се „виновни“ за дел од најзначните откритија во историјата, но и за оние кои допрва следат, програмата Хоризон 2020 ја финансира „Max Planck Society for the Advancement of Science“ со грантови од вкупно 443.037.605 евра во рок од три години. ( 2014-2015-2016)

Еве дел од нивната стратегија за добивање на грантови во изминативе години од програмите и пред Хоризонт 2020..

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020 која поддржува иновативни и истражувачки проекти, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ

web admin

Кембриџ со одлични проекти до 176 милиони евра од програмата Хоризон 2020

Универзитетот Кембриџ е основан во 1209 година и спаѓа во трите најстари колеџи на светот каде што се зборува англиски.

Лоциран во Англија, универзитетот за јавно истражување е поделен на 31 колеџ, со повеќе од 100 академски оддели, како и лабаратории и институти. Во склоп на факултетот се наоѓа и Кембриџ Прес- најстарата издавачка куќа во светот, како и осум музеи и огромна библиотека.

Кембриџ е на 4-то место на ранг листата на најдобри универзитети во светот, а најпознат е по своите достигнувања во технологијата, како и бројните успешни научни истражувања.

Бројни угледни и едни од најзначајните имиња во светот, биле студенти или пак истражувачи во Кембриџ. Еден од нив е и Сер Ајсак Њутн, кој повеќето од своите најважни експерименти ги направил на Кембриџ. Дел од Универзитетот биле и Чарлс Дарвин, Стивен Хокинг, Лорд Бајрон, Хју Лори, Џон Клиз, Силвија Плат, па дури и Борат, односно Саша Барон Коен. Списокот е премногу долг, но и богат со дел од најсупшните луѓе во историјата.

Најголемите светски изуми и иновации се направени токму на Универзитетот Кембриџ, па затоа секоја година, Европската комисија му помага на универзитетот преку неповратни финансиски грантови.

Од програмата Хоризон 2020, во период од 2014-2016 година, Кембриџ е добитник на неповратни финансиски средства во износ од 176.875.347 евра. Финансиите се распределени за вкупно 264 проекти. Еден од проектите е Umobile– универзална опортунистичка архитектура за комуникации:

O futuro da comunicação entre telemóveis está no Ciência 2017. Projeto do COPELABS na zona de demonstrações. @encontrociencia #ciencia2017pt #encontrocienciapt #ciencia_pt

Posted by Ciência 2017 on Dienstag, 4. Juli 2017

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020, како и за начинот на аплицирање со проект, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

 

web admin

Фондацијата за наука и технологија од Португалија со Хоризон 2020 грант од 9 милиони евра

Оваа фондација е основана со цел тука да се прават научни истражувачки активности од областите природни, природни, егзактни, социјални и општествени науки.

Фондацијата работи под јурисдикција на Владата на Португалија, а визијата е да ја покрене земјата на повисоко ниво кога се во прашање науката, технологијата и иновациите. Најважно е истражувањата да допринесат со економски раст, кој позитивно би влијаел врз секој жител.

Со работа започнува во 1997 година, а оттогаш со помош на субвенции, спонзорства и грантови успева да направи доста значајни проекти.

Дел од проектите на Португалската фондација за наука и технологија се финансирани од европската програма Хоризон 2020.

За 63 проекти, фондацијата во рок од три години добила вкупно 9.031.964 евра неповратни финансиски средства од Хоризон 2020.

Доколку сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за оваа европска програма, или пак сакате да аплицирате за грант од Хоризон 2020, повеќе информации прочитајте ОВДЕ

 

 

web admin

Техничкиот универзитет од Минхен добитник на 66 милиони евра од Хоризон 2020 FACEBOOK TWITTERPINTEREST LINKEDIN GOOGLE + EMAIL

Техничкиот универзитет од Минхен е истражувачки универзитет, основан во 1868 година.

На техничкиот универзитет од Минхен студираат 40 ооо студенти, а има вкупно 10 000 вработени. Во историјата стојат запишани податоци дека токму поради овој универзитет, Баварија од земјоделска земја, станала индустриска и Hi-Tech  центар. Многу добитници на Нобелова награда биле дел од овој истражувачки универзитет, од самите почетоци на неговото постоење. Најмногу од наградените, Нобеловата награда ја добиле од областа на хемијата.

Во склоп на универзитетот има 12 факултети на три локации, а и неколку институции, болница и лабаратории за истражување.

Од 2014 година, па се до 2016 година, Техничкиот универзитет е добитник на грантови од Хоризон 2020 во износ од 66.857.272 евра. Направени се вкупно 108 проекти, кои се финансирани со неповратни средства од европската програма Хоризон 2020.

Доколку сакате да дознаете повеќе за европските програми или пак сакате да аплицирате со проект за грант од Хоризон 2020, сите потребни информации може да ги најдете ОВДЕ

web admin

Гент Универзитетот од Белгија со 60 милиони евра од Хоризон 2020 програмата

Гент е универзитет за јавно истражување, лоциран во истоимениот град во Белгија. Основан е 1817 година од кралот на Белгија- Вилијам Први.

Гент е првиот универзитет во Белгија каде што официјалниот јазик за студирање е холандскиот. На Гент студираат 41 000 студенти и има 9000 вработени. Рангиран е во топ 100 најдобри универзитети во светот и поделен на вкупно 11 факултети, а поради успешните истражувачки проекти кои ги работи секоја година неговото рангирање расте.

Универзитетот има неколку партнери со кои соработува преку Еразмус програмата и има размена на студенти на сите шест континенти.

Покрај Еразмус, неповратни финансиски средства добива и од програмата Хоризон 2020. Во период од 2014 до 2016 година, за 108 проекти, добитник е на грантови во вредност од 60.207.127 евра.

Доколку сакате да дознаете повеќе за европските програми Хоризон 2020 и Еразмус+, како и околку аплицирање со проекти, сите информации може да ги најдете ОВДЕ.

 

 

web admin

Францускиот национален центар за научно истражување со 355 милиони евра од Хоризон 2020

Францускиот национален центар за научно истражување е најголемата владина истражувачка организација во Франција и најголема истражувачка агенција во Европа.

Во центарот работат 32 000 луѓе ( инжинери, истражувачи и администрација), а поделен е на 10 институти. Се вршат научни истражувања од повеќе области: хемија, екологија, физика, информатика, биологија, социјални науки, астрономија и други.

Покрај седиштето во Париз, националниот центар има свои канцеларии и во многу градови низ светот како Њу Делхи, Брисел, Пекинг, Токио, Сингапур, Вашингтон, Бон, Москва, Тунис…

Постои веќе 77 години, а оттогаш па навака овде се направени значајни откритија и истражувања. Токму поради тоа, за вкупно три години, од европската програма Хоризон 2020, центарот добива грантови во износ од 354.978.881 евра. Неповратните финансиски средства, се доделени за вкупно 496 проекти.

Доколку сте заинтересирани за програмата Хоризон 2020, како и за можностите кои ги нуди, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ