web admin

ERASMUS+ инструмент за финансирање …

Детали и корисни информации како и линкови за новата ЕУ програма Erasmus+.

КЛУЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Целосен Буџет€14,8 милјарди

Тематски КатегорииЕдукација и Обуки, Младина, Спорт

КориснициПриватен сектор, Јавен сектор, Непрофитни организации, Академски институции и истражувачки центри

Повеќе информацииEducation, Audiovisual and Culture Executive Agency http://ec.europa.eu/erasmus-plus/https://eacea.ec.europa.eu/about-eacea/ contacts_en

ДЕТАЛИ ЗА ПРОГРАМАТА

Erasmus+  е новата ЕУ програма за едукација, обуки, младина и спорт за 2014-2020. Ги вклипува претходните Lifelong Learning Programme, Youth in Action и пет интернационални програми за соработка. Исто така вклучува и спорт. Во целост програмата е насочена кон поддршка на развивањето на услуги, кооперација и алатки поврзани со целите на Европа 2020 стратегијата и нејзините водечки иницијативи.

Erasmus+ е дизајнирана да ги поддржи напорите на Земјите членки за ефикасно искористување на човечкиот капацитет кој е неоткриен, во меѓувреме потврдувајки го принципот на долгорочно учење преку поврзување на поддршката на формално, неформално и информално учење преку едукација и обучување. Додатно на доделувањето грантови за индивидуалци, Erasmus+ ќе ги поддржи транснационалните партнерства помеѓу Едукацијата, Обуките и Младинските институции и организации со цел да основа соработка и да ги поврзе светот на Едукацијата и работата со цел да ги пополни полињата со вештини кои недостасуваат во Европа.

Во полето на спортот, ќе постои поддршка за нови проекти и прекугранични подвизи како борба против местењето на натпревари, допинг, насилство и расизам.