web admin

ЕРАЗМУС+ и можностите за младите во земјата. Интервју со М-р Дарко Димитров

дарко димитров

Националната агенција за образовни програми www.na.org.mk  на Република Македонија со своите активности во изминатите две години ги подобрува условите за искористување на грантовите од Европската комисија за програмата Еразмус+.

Можност за користење на грантови неповратни средства имаат, основни и средни училишта, факултети и универзитети, невладини организации, компании..

На оваа тема позборувавме со директорот на оваа институција Г-дин Дарко Димитров кој одговараше на наши прашања:

 

МД: Што е ново и иновативно кај вас?

 ДД: Европските образовни иницијативи кои ги поддржува програмата Еразмус плус се една голема новина во Република Македонија, особено од 2014 година наваму, од кога нашата земја се здоби со статус на програмска земја и со тоа им се овозможи на македонските институции пристап до овие фондови по подеднакви услови како преставниците на земјите ченки  на Европската унија.

Еразмус плус е една интегрирана програма, нуди можности за образование и обука во странство и реализација на заеднички проекти со институции од странство со странски институции со цел меѓусебна размена на искуства, подигнување на квалитетот на наставата и учењето и да се модернизираат системите на образование и обука. Сама по себе, во својата суштина има главна цел да ја поттикне иновативноста на повеќе нивоа, од секојдневната работа во образовнието како воведување на нови и иновативни методи во учењето и наставата, во приближување на вештинитие и компетенциите кон потребите на пазарот на трудот, до модерницазија и системско унапредување на системите за обука и образование.

Нуди бесконечен избор на разни облици за вклучување на широка палета кои сакаат да работат европски, да научат нешто ново и да го промовираат своето знаење во странство. Во рамките на различните форми на проекти кои ги поддржуваме, можам да истакнам дека од минатата година, во рамките на Стратешките партнерства се спроведува и можноста за помали проекти кои промовираат поголема соработка и размена на искуства на проектните партнери, со што Програмата уште повеќе се приближува кон оние институции/организации кои имаат помало искуство или помалку интернационални контакти.

За нас, а претпоставувам и за нашите корисници, од особена важност е и воведувањето запрв пат на ВЕТ Повелбата. Тоа е престижна лиценца која се „заработува“ со повеќекратен успешно реализиран проектен циклус и на добитниците им го олеснува пристапот до фондовите во наредните години.

Од оваа година исто така, како една значајна новина можеме да ја промовираме и можноста преставници на високо-образовни институции да учествуваат на транснационални состаноци за соработка, каде ќе можат да ја прошират својата мрежа на соработници за идни заеднички проекти.

дарко димитров

МД: Како е ефектот на европските образовни програми врз креирањето на иновативни образовните политики при унапредување на образованието во РМ?

ДД: „Република Македонија настојува да биде рамноправен и респектабилен член во европското и светското опкружување и тоа е нејзина трајна ориентација. Таа е цврсто решена да чекори по патеките на современо уредување на државата, каде образованието и обуката, културата, науката и иновациите преставуваат клучни фактори за добросостојбата на нејзините граѓани и јакнење на националната економија“.

Вклучување на сите институции од областа на образованието, обуката и младинската работа во европските меѓународни програми и проекти  индиректно ќе влијае врз подигнувањето на квалитетот на системот во целост, како и подигнувањето на вработливоста на кадрите кои се подготвуваат за пазарот на трудот. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е целосно посветена кон унапредување на македонскиот образовен систем, промовирање на активно граѓанство кај младите луѓе и создавање на подобри можности за сите. Воедно се водиме и по принципите дека е потребно да се обезбедат повеќе и еднакви можности за младите луѓе во образованието и пазарот на трудот, како и потребата да се поттикнат младите да бидат активни граѓани кои учествуваат во сите сегменти на општествениот живот.

Исклучително важно во иднина ќе биде користењето на резултатите од спроведените проекти да се искористат во национален контекст и истите да се интегрираат во развојниот процес на Република Македонија.

Интеграцијата на искуствата и сознанијата, кои произлегуваат како резултат од проектите во програмата Еразмус плус ќе допринесат кон креирање на образовни политики компатибилни со образовните  политики во Европа. Оваа препорака е исклучително важна во контекст на развивање на образовниот систем на Република Македонија кој треба да продуцира кадар со исклучителна флексибилност, способност за брзо прилагодување, како и ефикасно и ефективно стекнување на нови вештини кои даваат предност во работењето.

Учеството на Република Македонија во програмите на Европската унија преставува значајна подршка на евроинтегративните процеси и ја отсликува европската перспектива на нашата држава.

Покрај Еразмус+ програмата, Националната агенција спроведува и неколку мрежи и иницијативи. Меѓу нив во овој контекст особено сакам да ја напоменам Евридика, која обединува податоци за образовните системи во Европа на различни нивоа и аспекти. Со споредувањето на ваквите податоци дава добра основа за димензионирање на образовниот систем и насоките занегова модернизација.

дарко димитров

МД: Какви се капацитетите на македонските организации за имплементирање на проекти од меѓународен карактер?

ДД: Со задоволство можам да истакнам, ние секоја година можеме да се пофалиме со 95-98% искористеност на расположивиот буџет.

За нас, во Националана агенција искористувањето на расположивите средства и овозможувањето максимален нивен ефект врз корисниците е на највисоко место на листата на приоритети. Во рамките на нашите годишни активности, редовно планирамеи спроведуваме интензивни информативни настани низ целата земја, како и структурирана и прилагодена поддршка на заинтересираните апликанти во процесот на запознавање со Програмата, правилата и процедурите, и нудиме техничка помош во трансформирањето на идејата во предлог проект. Иако е ова релативно нова Програма, во рамките на секој нареден Повик или рок за аплицирање добиваме се поквалитетни апликации, што ја потврдува посветеноста на вработените во Национална агенција, но и свесноста на институциите за постигнување повисоки стандарди во секојдневното работење и зголемување на образовните излези.  Се поголем број институции од областа на образованието, обуката и младите сакаат да ги прошират своите хоризонти, да воведат нешто ново и поатрактивно за своите корисници и да воведат соодветен квалитет во наставата и учењето.

Посебно не радува во последно време, што добиваме апликации од институции како градинки или училишта од рурални средини, кои традиционално се исклучени од главните текови на информации. Бизнис секторот, исто така, покажува се поголем интерес за вклучување во Програмата и унапредување на вештините на своите вработени.

darko_dimitrov-1МД: Дали националната агенција го испитала задоволството на корисниците на грантови?

ДД: Се разбира. Како јавна институција задолжена за спроведување и промоција на програмите за мобилност, Националната агенција ја препознава важноста на квалитетот на јавната услуга која е темел за успешен придонес во јавниот сектор. Минатата година спроведовме он-лајн истражување со кое сакавме да го утврдиме степенот на задоволство на корисниците во однос на квалитетот на услугите што ги овозможува Националната агенција, квалитетот на информација која тие ја добиваат од нас, колкава е нашата усмереност кон потребите на корисниците од нивна перспеткива, како и до која мера ние задоволуваменивните очекувања. Целна група на ова истражување беа различни типови институции кои се вкучени во областа на образование, обука и млади во сите сегменти, кои ја следат работата на Национална агенција и до сега биле или во иднина се заинтересирани да бидат корисници на грантови.

Во кратки црти, наодите од ова истражување упатуваат на тоа дека, според очекуваното, голем број од испитаниците како корисни ги вреднуваат информациите добиени од електронските медиуми и социјалните мрежи, но дури 82% од испитаниците се изјасниле дека најкорисни информации добиваат од вработените во Националната агенција. Во прилог, испитаниците со највисок процент задоволство ја оценуваат достапноста на вработените (86%) разбирањето на потребите на корисниците, способноста за советување и ажурноста во работата со 84%, љубезноста со 83% и еднаквиот пристап кон сите корисници со 82%.

Со ова истражување увидовме дека директниот контакт со потенцијалните апликанти е особено важен. Од тие причини оваа година се потрудивме да организираме поголем број информативни настани во помали и поодалечени места, како и да со цел поголем број лица да добијат навремена и релевантна информација. Во однос на вработените, и покрај високите проценти на задоволство на корисниците, не престануваме контнуирано даинвестираме во нивна обука и усовршување не само на национално туку и на интернационално ниво.

Исто така, би сакал да истакнам дека Националната агенција во моментот се наоѓа во процес на ИСО сертификација кој претпоставува континуирано мерење на задоволството на корисниците. И во наредните години ќе спроведување слични истражувања кои ќе ни овозможат споредливост на податоците, но и ќе ни дадат насоки за подобрување на нашата работа.

МД: Колку вкупно проекти добиле Македонските компании, училишта, организации во изминатите две години?

ДД: Во 2015 и до сега во 2016 година се доделени вкупно 152 граната, со тоа што очекуваме овој број дополнително да се зголемува бидејќи сите процедури за одлучување по примените проектни апликации во сите рокови сеуште не се завршени. Тоа значи дека повеќе од 160 институции од Република Македонија и нивни преставници ќе имаат можност да се вклучат во различни форми на мобилност, учење и работа во странство или со странски партнерски институции. Сметаме дека ова е голем чекор за нас како земја а и за нашите корисни кои по сите основи стануваат рамноправни учесници во Европската мапа на образование, обука и млади.