web admin

„Млади инфо“ со грант од Еразмус+:113 825 евра за проектот „MYouth”

Проектот „ MYouth– Mobile, Young, Opportunity, Unity, Technology, Help” на невладината организација „Млади Инфо“ од Скопје, се реализираше во период од 01-11-2015  до 01-05-2017.

Проектот за градење на капацитети, МYouth има намера да обезбеди и развива иновативни активности кои ќе им овозможат на младите луѓе да стекнат високи вештини за развој на мобилни апликации кои ги решаваат локалните проблеми во нивната заедница и обезбедуваат можности за вработување. Знаењето како да се кодира јасно доаѓа како вредна работна вештина, бидејќи извештаите и индикаторите во светот покажуваат дека бројот на работни места за програмери и компјутерски научници рапидно расте;. Овие вештини ќе бидат многу посакувани и понатаму во иднина.

Европската комисија изјавува дека во светот кој се менува, ЕУ се стреми да стане паметна, одржлива и инклузивна економија. Овие три заемно зајакнувачки приоритети треба да им помогнат на ЕУ и на нејзините земји-членки преку стимулирање на високи нивоа на вработеност, продуктивност, едукација и социјална кохезија. Токму затоа образованието е многу важно. Знаењето и вештините и се потребни на европската економија за да остане конкурентна и иновативна. Мобилното учење преку употреба на мобилни технологии може да помогне да се направи образаование подостапно за сите ученици, преку обезбедување на ниски трошоци, и решенија кои лесно се имплементираат.

Проектот MYouth вклучува различни партнери од 3 континенти (Европа, Азија и Африка) кои имаат знаење и искуство во новите технологии и ќе генерираат значителни резултати на европско ниво, а исто така и надвор од европските граници, во однос на развојот на младите преку мобилно учење. Со заеднички напори на 10 организации со седиште во Австрија, младите од Република Македонија, Словенија, Италија, Шпанија, Полска, Сенегал, Сингапур, Хонг Конг и Того, кои ќе бидат дел од овој проект, ќе создадат силна неприкосновена и многу конкретна мрежа за развој на мобилни апликации.

Од европската програма Еразмус+, невладината организација „Млади Инфо“ со седиште во Скопје, доби неповратен грант во износ од 113 825 евра. Тие средства беа наменети за реализација на проектот „MYouth” во времетраење од 18 месеци.

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата Еразмус+, како и начинот на кој може да аплицирате со ваш проект, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ

web admin

Основно училиште од Грција за својот Еразмус+ проект, доби грант од 11 000 евра

„Второто основно училиште“ од Јаница (Пазар) во Грција, аплицираше за грант од програмата ЕРАЗМУС + и доби позитивен одговор за предложениот проект.

Целта на проектот „Надградени наставници, среќни и успешни ученици“ е да се соочаат со предизвиците и да се задоволат барањата на современите трендови во наукатата и образоването преку поттикнување иновации и доделување на европска димензија на училиштaта.

Поточно, училиштето кое ќе учествува во проектот сака да го подобри квалитетот на образованието и да ги зајакне вештините на наставниците.  Тука се подразбираат транзиција кон дигитално учење, усвојување на образовни и технолошки иновации, поддршка за учење и нови методите на обука во рамките на службата.

Проектот вклучува учество на 5 од вкупно 40 наставници од училиштето. Наставниците се избрани од Асоцијацијата на наставници врз основа на нивните јазични вештини, знаење во областа на ИТ, нивната подготвеност да следат обуката, како и да промовираат иновации и европска димензија и да споделуваат знаења со колегите.

 

Преку проектот, наставниците ќе може да создадат атрактивни средини за учење со цел да ги исполнат потребите на учениците, кои ќе уживаат во учењето преку новите методи.  Долгорочни придобивки од проектот се- создавање позитивна средина, прогресивна и успешна транзиција кон дигиталното учење, зголемување на интересот за училишните активности кај учениците.

Училиштето како партнер, понатаму ќе учествува и во други европски проекти и ќе им помогне и на други училишта кои сакаат да земат пример за интернационализација., како и имплементација на нови иновативни образовни практики.

 Целта на овој проект е да се создаде училиште што ќе понуди креативна, атрактивна средина за учениците и оптимистички модел за наставната заедница.

Училиштето за овој проект, од европската програма ЕРАЗМУС+ ќе добие неповратен грант во висина од 11 040 евра за реализација на сите активности. Проектот ќе трае се до 31.05. 2018 година.

Дознајте за сите можности кои ги нуди европскта програма ЕРАЗМУС+. Сите информации поврзани со оваа програма, како и условите да аплицирате за грант, може да ги прочитате ОВДЕ



web admin

Основно училиште од Грција за својот Еразмус+ проект, доби грант од 11 000 евра

„Второто основно училиште“ од Јаница (Пазар) во Грција, аплицираше за грант од програмата ЕРАЗМУС + и доби позитивен одговор за предложениот проект.

Целта на проектот „Надградени наставници, среќни и успешни ученици“ е да се соочаат со предизвиците и да се задоволат барањата на современите трендови во наукатата и образоването преку поттикнување иновации и доделување на европска димензија на училиштaта.

Поточно, училиштето кое ќе учествува во проектот сака да го подобри квалитетот на образованието и да ги зајакне вештините на наставниците.  Тука се подразбираат транзиција кон дигитално учење, усвојување на образовни и технолошки иновации, поддршка за учење и нови методите на обука во рамките на службата.

Проектот вклучува учество на 5 од вкупно 40 наставници од училиштето. Наставниците се избрани од Асоцијацијата на наставници врз основа на нивните јазични вештини, знаење во областа на ИТ, нивната подготвеност да следат обуката, како и да промовираат иновации и европска димензија и да споделуваат знаења со колегите.

 

Преку проектот, наставниците ќе може да создадат атрактивни средини за учење со цел да ги исполнат потребите на учениците, кои ќе уживаат во учењето преку новите методи.  Долгорочни придобивки од проектот се- создавање позитивна средина, прогресивна и успешна транзиција кон дигиталното учење, зголемување на интересот за училишните активности кај учениците.

Училиштето како партнер, понатаму ќе учествува и во други европски проекти и ќе им помогне и на други училишта кои сакаат да земат пример за интернационализација., како и имплементација на нови иновативни образовни практики.

 Целта на овој проект е да се создаде училиште што ќе понуди креативна, атрактивна средина за учениците и оптимистички модел за наставната заедница.

Училиштето за овој проект, од европската програма ЕРАЗМУС+ ќе добие неповратен грант во висина од 11 040 евра за реализација на сите активности. Проектот ќе трае се до 31.05. 2018 година.

Дознајте за сите можности кои ги нуди европскта програма ЕРАЗМУС+. Сите информации поврзани со оваа програма, како и условите да аплицирате за грант, може да ги прочитате ОВДЕ



web admin

Невладина организација од Франција добитник на грант од Еразмус+ во висина од 11 380 евра

Проектот „Exploring my future” го спроведува невладината организација од Франција- „Centre Social Val’Mauges“ во соработка со „Community Enterprise of Thessaloniki Municipality“ од Грција.

Основна цел на проектот е младинска размена. Ќе учествуваат млади  од Франција и Грција, а темата е- „Ти и твојата адолесценција, како живееш?“

Преку неформално техничко образование, преку игри и преку средби ќе се разговара за стереотипи, насоки, вработување, врски, рурален живот, урбан живот. Општите цели за оваа размена се: – Овозможување на младите луѓе да преземат иницијативи и да ги развиваат своите вештини, знаење и таленти. Промовирање на толеранција, почитување на разликите и интеграција во општеството.

Овие општи цели произлегуваат од оперативните цели: Поттикнување средби со други млади Европејци, овозможување на младите луѓе да направат сопствен проект и особено нивното прво европско искуство, како и обезбедување на технички и финансиски средства за младите луѓе за извршување на нивниот проект.

20 млади  на 15 и 17 години учествуваат на овој проект. Десетте младите од Франција живеат во рурална област, а десетте млади од Грција во урбана средина, односно град. Перспективите за нивните иднини можеби се различни, но тие имаат и многу сличности.

За потребите на овој проект, младите Французи ќе направат онлајн дневник, каде што ќе ги запишуваат сите искуства и патувања, и ќе ја раскажат приказната на децата од нивните општини.

Овој проект е финансиран од европската програма Еразмус+, со вкупно 11,380 EUR неповратни средства.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за оваа програма, како и можностите кои ги нуди Еразмус+, сите информации може да ги најдете ОВДЕ.

 

web admin

„Talk less, do more” проектот со 6000 евра грант од програмата Еразмус+

„Talk less, do more”- Дел од овој проект се двајца млади луѓе, едниот од Италија а другиот од Босна. Активностите на проектот се одржувуаат во „Лас Розас де мадрид“ во Шпанија, поточно во седиштето на  „Adefis Youth International“ во период од 10 месеци.

Првиот учесник беше италијанскиот волонтер, од први септември 2016, до први јули 2017 година, додека пак учесникот од Босна се приклучи на први декември 2016  година, и ќе волонтира до први октомври 2017 година. На овој начин, првиот учесник, ќе биде од голема помош за новиот придружник, учејќи го да се навикне на новата околина. Ви рамките на овој ЕВС проект, главна цел ќе биде интеграцијата и социјализацијата на младите во новото опшество. Продуктивно ќе биде „справувањето“ со новите обичаи, навики и секојдневниот живот на луѓето во Лас Розас и Шпанија воопшто.

Волонтерите ќе се обидат да ги најдат и споредат разликите и сличностите помеѓу босанската, италијанската и шпанската култура и да ги споделат сопствените искуства. Ќе се обидат и да ги разбијат бариерите и предрасудите и да бидат свесни за различните гледишта на секоја европска земја.  Ова е многу важен процес, бидејќи на овој начин нивното чувство за припадност кон Европската Унија ќе почне да се зголемува.

Овој проект е финансиран со неповратен грант од европската програма Еразмус+. Вкупната сума на грантот изнесува 6,902 EUR. Носител на проектот е ADEFIS JUVENTUD INTERNACIONAL од Шпанија, а е во соработка со две партнерски организации од Италија и Босна.

Европската програма Еразмус+ нуди за учесниците различни можности за образование, обука, настава, меѓународна соработка и развој на меѓународни проекти и иницијативи. Доколку сакате да дознаете повеќе за оваа програма, како и за начините на кои може да аплицирате, повеќе информации прочитајте ОВДЕ

 

web admin

Тригодишен европски проект добитник на грант од 222 750 евра од програмата Еразмус+

“Fair trade for fair future Global Consumer Conscience” е тригодишен европски проект
за промовирање на светска правична трговија со цел да се истражи и промовира разбирањето  за социјалната правда, одржливоста, како и морална посветеност на глобалните проблеми.

Групи до пет студенти и двајца наставници со богато искуство од секое училиште во Италија, Германија, Велика Британија, Австрија, Данска и Словачка ќе земат учество во шест транснационални активности за учење и четири транснационални средби.

Целта е учесниците да се изложат на економски практики и да се зголеми знаењето за бизнисот во Европа и пошироко преку концептот на правична трговија.
Учесниците ќе ги надградуваат своите комуникациски, јазични и дигитални вештини и на крајот ќе дејствуваат
локално и на меѓународно ниво за да ги информираат другите потрошувачи за вредноста на глобалната
соработка преку трговија.  Студентите ќе учат за фер трговија и што тоа значи на локално, регионално, национално и меѓународно ниво. Тие ќе го истражат своето училиште и ќе го наведат степенот на праведна трговска практика во
нивниот роден град, а ќе создадат и упатства за потрошувачите кои ќе бидат прикажани и дистрибуирани
низ локалните заедници и на веб-страницата на проектот.


Ова е еден од поголемите проекти финансиран од европската програма Еразмус +. Проектот ќе биде финансиран со неповратни финански средства во висина од 222 750 евра.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Еразмус +, како и можностите кои ги нуди, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ

web admin

Проект на турска невладина организација добитник на Еразмус+ грант од 17 000 евра

Проектот „Да се сретнеме на Медитеранот“ има за цел промовирање на волонтерски активности со тоа што им дава можност на младите луѓе да бидат волонтери.

Главна цел е да се ослободат од прерасудите, да се зголеми почитта и толеранцијата, да се развие соработка и волонтерска услуга со културен дијалог и методи за неформално учење.

Невладината организација која го спроведува проектот ќе биде домаќин на четворица учесници во период од 6 месеци. Од учесниците е  побарано да понудат волонтерски услуги во организацијата DÖGEM (Youth Youth Parliament) и Expo 2016 Antalya.

Ќе се користат методи за образование на ворзани, неформални приоди за едукација и ќе се интензивира меѓукултурниот дијалог и практично искуство. Како резултат на тоа, проектот ќе овозможи личен развој на волонтерите и културна размена меѓу земјите.

Проектните активности ќе се спроведуваат во рамките на хуманитарните принципи и вредностите на Европската Унија, како што се демократско учество, транспарентност, почит, мир и толеранција. Затоа ќе биде нагласена и важноста на социјалната инклузија и активното граѓанство. Покрај тоа локално и меѓународно ќе се подигне свеста за овие прашања.

Овој проект ќе биде со вкупно времетраење од 16 месеци, а од програмата Еразмус + за проектот се издвоени 17 192 евра.

Доколку сакате да дознаете повеќе за можностите што ги нуди европската програма Еразмус +, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

web admin

Гимназија од Солун добитник на грант од 15 000 евра од европската програма Еразмус +

Проектот под наслов „CLIL and Technologies of Information and Communication (ICT): from theory to school practice” во период од 18 месеци ќе биде имплементиран од страна на наставниците во грчкото средно училиште „Mygdonia”.

Овој проект потенцијално ги вклучува сите вработени во училиштето. Тие ќе ги добијат придобивките од личното учество на тројца наставници- носители на акцијата. Тука спаѓаат наставникот по компјутерски науки и директорот на училиштетот, наставник по грчки јазик и литература и геолог.

Покрај академската обука, сите тие го имаат потребниот ентузијазам и подготвеност за истражување кои се неопходни кога се учествува во вакви програми. Таргетот на планот за проектот е од инклузивна и иновативна природа: врз  основа на педагошкиот принцип дека образованието е отворено за сите европски граѓани, училиштето со применети наставни практики ќе се бори против дискриминација, проблеми во учењето, различност меѓу учениците.

Во оваа училишна заедница, истражено е дека кај 10-15 проценти ученици по класа се дијагностицирани повеќе или помалку интензивни проблеми во учењето. Поднесувањето на овој проект произлегло токму од потребата да се ажурира образовната заедница преку активности и обуки на семинари, како и развој на стратегии кои би им помогнале на сите ученици, а акцентот би бил на поранливата група ученици кои слабо учат.

Проектот има за цел да ги запознае наставниците во училиштето со педагошки алатки, методолошки предлози и метакогнитивни стратегии за планирање на активностите во наставата по сите предмети.

Овој проект на  училиштето од Солун, стартуваше 1 јули 2016, а ќе трае се до 31 декември 2017 години. Од европската програма Еразмус +, проектот е финансиран со неповратен грант од 15,276 EUR.

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата Еразмус +, како и целосни информации околу тоа со каков проект може да аплицирате, тоа може да го сторите ОВДЕ

 

web admin

Универзитетот од Единбург со 100 милиони евра грантови од Хоризон 2020

Универзитетот од Единбург, основан е во 1582 година и е еден од најстарите шкотски универзитети.

Моментално е рангиран како 19-ти најдобар универзитет во светот, а 6-ти во Европа. Во историјата играл важна улога за подобрување на интелектуалниот имиџ на градот Единбург во Шкотска, а за тоа допринеле и многу звучни имиња од науката. На овој универзитет студирале 21 добитник на Нобелова награда, двајца добитници на Пулицер, тројца премиери на Велика Британија, олимписки медалисти како и дел од најголемите инвентори: Александар Грахам Бел, изумителот на телефонот, Чарлс Дарвин, Томас Бејс, Џејмс Максвел и многу други.

На универзитетот од Единбург се школуваат 36,491, а годишно аплицираат околу 50 000 потенцијални студенти, но секако се врши ригорозна селекција на кандидатите.  Поделен е на три колеџи и ги опфаќа општествените и социјалните науки, наука и инжинерство и медицина и ветерина медицина.

Поради репутацијата која ја ужива како и бројните иновации, само во последните три години во период од 2014-2016 година, од програмата Хоризон 2020 е добитник на грантови во висина од 100.521.311 евра. Добиените неповратни финансиски средства се распределени за вкупно 142 проекти.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020, како и за условите кои ги нуди доколку сакате да аплицирате со проект, сите информации може да ги најдете ТУКА.

web admin

„Max Planck Society” со рекордни 443 милиони евра од програмата Хоризон 2020

Max Planck Society for the Advancement of Science“ е независна, невладина и непрофитна асоцијација на германските истражувачки институти.

Основана е во 1912 година, со седиште во Минхен, а името го носи по поранешниот претседател, теоретскиот физичар Макс Планк. Под асоцијацијата спаѓаат 83 институти со 17 000 вработени, меѓу кои 5470 научници.

Има водечка репутација во светот, кога се во прашање истражувањата од областа на технологијата и науката. 33 научници од „Max Planck Society” се добитници на Нобелова Награда, а дел од оваа организација бил и Алберт Ајнштајн.

Бидејќи организацијата и 83-те институти се „виновни“ за дел од најзначните откритија во историјата, но и за оние кои допрва следат, програмата Хоризон 2020 ја финансира „Max Planck Society for the Advancement of Science“ со грантови од вкупно 443.037.605 евра во рок од три години. ( 2014-2015-2016)

Еве дел од нивната стратегија за добивање на грантови во изминативе години од програмите и пред Хоризонт 2020..

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата Хоризон 2020 која поддржува иновативни и истражувачки проекти, повеќе информации може да прочитате ОВДЕ