web admin

„ГЕТ Иновација“ од Битола е непрофитна организација која ги промовира технологијата и иновативноста, преку различни локални и интернационални проекти. Еден од тие проекти е „Safe Drive, Saves Life”, каде што се јавува како координатор, а како партнери се вклучени Романија, Естонија, Словачка и Полска.

Превенцијата на насилството на патиштата е главната тема која се разработуваше за време на младинската размена “Безбедното возење го спасува животот” што се одржа во Радожда, Струга, од 15-ти до 24-ти април 2016 година.

40 млади луѓе од Македонија, Полска, Естонија, Романија и Словачка беа во можност да присуствуваат на проектот и да се бидат дел од  уникатна проектна тема и методологија за работа. Учесниците, повеќето од нив студенти, млади луѓе на почетокот на нивните работни кариери, луѓе со помалку можности или дури и некои од нив на почетокот на нивните искуства како возачи, беа вклучени во проектот. Овој проект има за цел да ги едуцира младите за важноста на превенцијата и одговорноста на патиштата, безбедно возење, да ги подготви за опасни ситуации додека се на пат и да ги направи свесни за ризиците со кои се соочуваме во секојдневниот живот додека се вклучени во сообраќајниот метеж.

Овој проект беше имплементиран со цел да се поддржи Програмата за безбедност на патиштата која има за цел намалување на смртните случаи во Европа во периодот од 2011 до 2020 година иницирана од Европската комисија. Покрај оваа програма, заедно со партнерите дошле до заклучок дека темата на проектот силно се однесува на тековните случувања во земјите вклучени во проектот, особено кога зборуваме за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди и недостаток на култура на возење и правила на почитување на возењето.

Проектот беше финансиран од европската програма ЕРАЗМУС+, со неповратен грант во износ од 18,691 евра.

Доколку и вие сакате да аплицирате со ваш проект за грант од програмата ЕРАЗМУС+, сите информации може да ги најдете ОВДЕ