web admin

Невладината и непрофитна организација „Млади Инфо“ од Скопје во 2015 година го спроведе проектот „Let’s play handball- Sport Reporting Volunteering”.

Проектот имаше за цел да се справи со два предизвици кои требаше да се решат: недостаток на интерес на младите луѓе во спортот и недостаток на стручна обука за младите за време на нивните студии. Затоа, беа поканети 30 млади студенти по новинарство од европски земји да учествуваат во Европска волонтерска служба  и како волонтери да ги покриваат настаните на меѓународниот спортски настан што се одржа во Македонија: 17-тото Европско Првенство за Кадетки.  Учесниците поминаа 40 дена во Македонија (22 јули – 31 август 2015 година), за да во пракса научат повеќе за спортското новинарство и мултимедија и да произведат статии и други мултимедијални содржини што ќе ги документираат во текот на шампионатот. 

Преку неформалните методи на учење, ова искуство ќе им овозможи на студентите по новинарство да го подобрат нивото на новинарските вештини, кои подоцна можат да ги применат во нивната професионална кариера и на тој начин да ја зголемат нивната можност за вработување. Понатаму, волонтирањето во спортот придонесува за активно граѓанство и за интеграција на граѓаните со различно потекло преку создавање на подобро разбирање и почитување.

За спроведување на проектот, „Млади Инфо“ од ЕРАЗМУС+ европската програма доби неповратен грант од 51,355 евра.

Повеќе информации за ЕРАЗМУС+, како и можностите ВИЕ да аплицирате со сопствен проект, може да прочитате ОВДЕ