web admin

Приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“- Скопје преку програмата Еразмус+ направи проект во кој учениците и наставниот кадар имаа можност да посетат врвни училишта во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат.

Ученици,кандидати и наставеен кадар од ПЦСО “Академија Леонтиќ”– Скопје, во рамките на Еразмус+ програмата, во месеците ноември, јануари и февруари, 2016/2017 година, реализираа еднонеделна и двонеделна практична обука во Витербо, Италија.  Двајца наставници од „Леонтиќ“ беа на еднонеделна обука од перод 19.11 до 27.11.2016 година  во училиштето „HIGH SUPERIOR VOCATIONAL SCHOOL ITALY-VITERBО‘‘. На оваа обука наставниците ги разменија своите искуства во областа на Средните стручни училишта и Центрите за стручни училишта од областа на лични услуги-како работат и кои се новитетите во овие дејности,како се организира самата настава и како се врши обуката во теоретскиот и практичниот дел кај модниот стилизам и како се организира визуелната стилизација кај програмата и модулите од личните услуги-фризери, козметичари, масери и шминкери.

На двонеделна обука беа учениците и кандидатите во Рига, Латвија и во Малме, Шведска, во рамките на проектот под името „ Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари“.

Обуките се реализираа во стручни училишта во Рига, Латвија во период од 12.01.до27.01.2017 во училиштето  “Rīgas Stila un modes tehnikums” и во Малме,Шведска во период од 03.02 – 17.02.2017 во домаќин училиштето  „DROTTNING BLANKAS GYMNASIESKOLA“

Учениците беа раководени од страна на наставниот кадар по практична и теоретска обука Васка Леонтиќ која е  кординатор на самите проекти . Учениците самостално ги вршеа зададените техниките на работата, под целосна супервизија на менторот од Скопје и од домаќините училиштата.

Преку реализирањето на проектот, учениците стекнаа искуство во областа на практичната обука,изучување на нови техники на работа од областа на фризерските,козметичките и шминкерските услуги во странство, ги усовршија своите вештини и стекнаа нови знаења. Се запознаа со нов европски протокол и систем на работа, различен систем при изработка на хемиски третмани за коса и лице во функција на заштита на човековата околина, а професионално  се усовршија и изучија многу нови техники на работа. Исто така проектот има свој придонес за учениците, во однос на  проширување на знаењата во областа на странскиот јазик и јазикот на земјата–домаќин, културолошката и педагошка подготовка, запознавање на традицијата и културата на домаќините  што во иднина ќе придонесе за повеќе мобилности за ученици во Рига и Малме.

Од особено значење се сертификатите со кои се здобија учениците на крајот од обуката: Сертификат од партнерот во проектот од училиштата од ВИТЕРБО, РИГА И МАЛМЕ – со мислење од менторот- „Еуропас  мобилити – сертификат“.

Многу значаен е фактот што менторите во своите извештаи го истакнаа своето задоволство од одговорноста на учениците, нивната посветеност и заинтересираност во работата, да научат повеќе, да работат на сложени техники на работа, употребувајќи најсовремена опрема и алат.

Планираните цели за време на мобилноста беа реализирани во целост. Поради успешниот изминат проект, „Академија Леонтиќ“ од Еразмус+ доби одобрување на уште еден за кој ќе добие неповратен финансиски грант од 57.725 евра.

Доколку и вие сакате да бидете дел од програмата ЕРАЗМУС+, како и да аплицирате со свој проект, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

Фотографии: „Академија Леонтиќ“- http://leontic.com.mk