web admin

„Еко Логик“ е здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина кое досега неколку пати има направено неколку одлични проекти, а оваа година повторно е добитник на грант од европската програма Еразмус+.

Еко Логик e невладина, непрофитна и непартиска организација посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржливост. Организација поттикнува и поддржува позитивни промени врз животната средина во форма на:
– Промовирање на екологијата како наука;
– Промовирање на концептот за почисто производство;
– Заштита и унапредување на животната средина и природата;
– Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование;
– Промовирање на принципот за одржлив развој;
– Отворање на нови “зелени” работни места;
– Можност за обука на сите заинтересирани граѓани проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

Дел од проектите на Еко Логик

Целите и задачите на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик се остваруваат преку реализирање на следните активности:

– Промовирање и водење на научни или апликативни проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

– Изготвување на стручни и научни студии за оценка на природните вредности и оценка на влијанието врз животната средина од реализација на определени проекти како и оценка на влијанието на определени стратегии, планови и програми;

– Давање стручна помош на владините органи и јавните установи за различни проблеми што произлегуваат од начинот на користењето на ресурсите на животната средина и социо-економскиот развој;

– Покренување активности за решавање на актуелни еколошки проблеми;

– Изготвување или учество во изготвување на стратегии за одржливо користење на природните ресурси;

– Помагање во унапредување на настава од разни еколошки дисциплини во сите степени на образование;

– Едукација на населението за дејство на загадувачи и степенот на ризик од присуството на истите во животната средина;

– Издавање на научни, стручни и популарни изданија;

– Организирање на научни и стручни собири, дебати, конференции и конгреси;

– Одржување и спроведување на обуки од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

– Развивање и одржување на врски со сродни друштва и сојузи во земјата и странство, како и членување во меѓународни сојузи, во согласност со позитивните закони и прописи во земјата;

Досега здружението во соработка со други невладини организации од Европската унија, но и самостално има изработено неколку успешни проекти кои може да ги видите ОВДЕ.

За нивниот последен проект, од програмата Еразмус+ издвоени се вкупно 10 300 евра неповратни финансиски средства.

Доколку и вие сакате да бидете дел од европската програма Еразмус+ или пак сакате да аплицирате со ваш проект и да добиете финансиски неповратен грат, сите информации може да ги најдете ТУКА