web admin

Здружението за лична едукација, тренинг и знаење ПЕТКА – Скопје е доброволно, непрофитно здружение на граѓани, основано на 19.01.2013 година со цел вршење на дејности и активности за поттикнување на знаењето, доживотното учење и личниот развој, преку едукација, тренинг и обука.

Визијата на здружението е општество сочинето од луѓе кои се свесни за значењето на концептот на знаење и доживотно учење и кои добиеното знаење преку формално и неформално образование го применуваат за постигнување на што поголем успех.  Мисијата на здружението е да го поттикнува стекнувањето на знаење од различни области кај сите возрасти и да помага во неговата примена за лично и професионално усовршување.

Со цел вршење едукација, тренинзи и обуки, ПЕТКА аплицираше за неповратно финансирање на проект, од страна на европската програма ЕРАЗМУС+. За проектот, здружението ќе добие грант од 12.980 евра, финансиран од ЕРАЗМУС+.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за европските програми или пак сакате да аплицирате со проект во европската програма ЕРАЗМУС+, сите информации може да ги најдете ОВДЕ