web admin

Коалиција на младински организации СЕГА добитник на Еразмус+ грант од 47.710 €

Коалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.

СЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. Нејзиното делување доведува до подобрена општа состојба на младите, нивна вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи.

Досега, оваа организација има направено доста успешни проекти финансирани од европската програма Еразмус+, меѓу кои е и последниот проект- „Развој на политика за Младинска работа”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, како и Агенцијата за млади и спорт.

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Во првата фаза на проектот беше организирана Национална Конференција „Како до признавање на младинската работа во Р. Македонија“ на која учествуваа 21 носители на одлуки на национално ниво и претставници на клучни граѓански организации.

Во втората фаза беа организирани 14 локални дискусии во 10 градови (Прилеп, Битола,Охрид, Струга, Дебар,Гостивар, Скопје, Штип, Кавадарци и Струмица). Преку локалните дискусии се прибираа мислењата на 288 млади луѓе и преставници на локалните институции во однос на чекорите за признавање на младинската работа и младински работници и беа дефинирани примарни препреки.

Ова е само еден од проектите кој досега ги сработи СЕГА, а на последниот датум за аплицирање кој беше во февруари 2017, добија потврда за уште еден неповратен грант за нов проект кој допрва треба да го реализираат. Од ЕРАЗМУС+ европската програма, добитници се на неповратни финансиски средства во висина од 47.710 евра.

Доколку и вие сакате да дознаете повеќе за европската програма Еразмус+, како и начините за аплицирање со ваш проект, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ

web admin

Здружението ПЕТКА од Скопје со Еразмус+ грант од 12.980 евра

Здружението за лична едукација, тренинг и знаење ПЕТКА – Скопје е доброволно, непрофитно здружение на граѓани, основано на 19.01.2013 година со цел вршење на дејности и активности за поттикнување на знаењето, доживотното учење и личниот развој, преку едукација, тренинг и обука.

Визијата на здружението е општество сочинето од луѓе кои се свесни за значењето на концептот на знаење и доживотно учење и кои добиеното знаење преку формално и неформално образование го применуваат за постигнување на што поголем успех.  Мисијата на здружението е да го поттикнува стекнувањето на знаење од различни области кај сите возрасти и да помага во неговата примена за лично и професионално усовршување.

Со цел вршење едукација, тренинзи и обуки, ПЕТКА аплицираше за неповратно финансирање на проект, од страна на европската програма ЕРАЗМУС+. За проектот, здружението ќе добие грант од 12.980 евра, финансиран од ЕРАЗМУС+.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за европските програми или пак сакате да аплицирате со проект во европската програма ЕРАЗМУС+, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

web admin

Македонска асоцијација за човечки ресурси добитник на неповратен грант од 147.195 евра

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси.

Македонска асоцијација за човечки ресурси ( МАЧР) со своето работење ја поддржува и развива професијата управување со човечки ресурси и придонесува за унапредување на нејзиниот статус.Нивна визија е развој на HR професијата и имплементирање на највисоки професионални стандарди, како и развој на човечкиот капитал во Република Македонија.

Во изминатите девет години, асоцијацијата е организатор на огромен број настани во Македонија, како и надвор од државата- конференции, обуки, семинари, а е дел и од многу саеми, бизнис кафе средби и тренинзи. Нивните успешни проекти во изминатите години, придонесоа оваа 2017 година, да добијат неповратни финансиски средства од европската програма ЕРАЗМУС+. Средствата се во висина од 147.195 евра и ќе бидат искористени за реализација на новиот проект на МАЧР.

Доколку сакате да дознаете повеќе за европската програма ЕРАЗМУС+, како и можностите кои ги нуди, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

web admin

Стопанска комора за туризам на РМ со Еразмус+ грант од 195.700 евра

СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА е независна, самостојна и непрофитна деловно-стручна организација на правни и физички лица, со седиште во Република Македонија.

Правните и физичките лица кои се дел од комората, вршат дејност во туристичкото стопанство како: угостителска, хотелска, транспортна, туристичко-услужна, туристичко-образовна и други неспоменати дејности, во функција на изготвување, понудување и успешна реализација на туристичкиот производ.        Членовите во Комората се здружени (организирани) врз професиoнално-еснафска база и нивното зачленување е во согласност со Законот за стопанските комори.

Стопанската комора за туризам на Македонија на своите членови им нуди низа поволности, а во последните неколку години преку проекти од европските програми ја подобрува и унапредува својата работа, за што попрактични и попристапни решенија и услуги за членовите.

Наредниот проект кој треба наскоро да го реализира е добитник на грант од европската програма Еразмус+ во висина од 195.700 евра. Овие средства се неповратни.

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата ЕРАЗМУС+, како и начините на кои може и вие да аплицирате со ваш проект и да станете добитник на неповратен грант за реализација на проектот, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

web admin

Здружението „Еко Логик“ од Скопје со неповратен Еразмус+ грант од 10.300 евра

„Еко Логик“ е здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина кое досега неколку пати има направено неколку одлични проекти, а оваа година повторно е добитник на грант од европската програма Еразмус+.

Еко Логик e невладина, непрофитна и непартиска организација посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржливост. Организација поттикнува и поддржува позитивни промени врз животната средина во форма на:
– Промовирање на екологијата како наука;
– Промовирање на концептот за почисто производство;
– Заштита и унапредување на животната средина и природата;
– Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование;
– Промовирање на принципот за одржлив развој;
– Отворање на нови “зелени” работни места;
– Можност за обука на сите заинтересирани граѓани проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

Дел од проектите на Еко Логик

Целите и задачите на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик се остваруваат преку реализирање на следните активности:

– Промовирање и водење на научни или апликативни проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

– Изготвување на стручни и научни студии за оценка на природните вредности и оценка на влијанието врз животната средина од реализација на определени проекти како и оценка на влијанието на определени стратегии, планови и програми;

– Давање стручна помош на владините органи и јавните установи за различни проблеми што произлегуваат од начинот на користењето на ресурсите на животната средина и социо-економскиот развој;

– Покренување активности за решавање на актуелни еколошки проблеми;

– Изготвување или учество во изготвување на стратегии за одржливо користење на природните ресурси;

– Помагање во унапредување на настава од разни еколошки дисциплини во сите степени на образование;

– Едукација на населението за дејство на загадувачи и степенот на ризик од присуството на истите во животната средина;

– Издавање на научни, стручни и популарни изданија;

– Организирање на научни и стручни собири, дебати, конференции и конгреси;

– Одржување и спроведување на обуки од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

– Развивање и одржување на врски со сродни друштва и сојузи во земјата и странство, како и членување во меѓународни сојузи, во согласност со позитивните закони и прописи во земјата;

Досега здружението во соработка со други невладини организации од Европската унија, но и самостално има изработено неколку успешни проекти кои може да ги видите ОВДЕ.

За нивниот последен проект, од програмата Еразмус+ издвоени се вкупно 10 300 евра неповратни финансиски средства.

Доколку и вие сакате да бидете дел од европската програма Еразмус+ или пак сакате да аплицирате со ваш проект и да добиете финансиски неповратен грат, сите информации може да ги најдете ТУКА

web admin

„Академија Леонтиќ“ по вторпат со грант од Еразмус+: Добитник е на 57.725 евра за нов проект

Приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“- Скопје преку програмата Еразмус+ направи проект во кој учениците и наставниот кадар имаа можност да посетат врвни училишта во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат.

Ученици,кандидати и наставеен кадар од ПЦСО “Академија Леонтиќ”– Скопје, во рамките на Еразмус+ програмата, во месеците ноември, јануари и февруари, 2016/2017 година, реализираа еднонеделна и двонеделна практична обука во Витербо, Италија.  Двајца наставници од „Леонтиќ“ беа на еднонеделна обука од перод 19.11 до 27.11.2016 година  во училиштето „HIGH SUPERIOR VOCATIONAL SCHOOL ITALY-VITERBО‘‘. На оваа обука наставниците ги разменија своите искуства во областа на Средните стручни училишта и Центрите за стручни училишта од областа на лични услуги-како работат и кои се новитетите во овие дејности,како се организира самата настава и како се врши обуката во теоретскиот и практичниот дел кај модниот стилизам и како се организира визуелната стилизација кај програмата и модулите од личните услуги-фризери, козметичари, масери и шминкери.

На двонеделна обука беа учениците и кандидатите во Рига, Латвија и во Малме, Шведска, во рамките на проектот под името „ Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари“.

Обуките се реализираа во стручни училишта во Рига, Латвија во период од 12.01.до27.01.2017 во училиштето  “Rīgas Stila un modes tehnikums” и во Малме,Шведска во период од 03.02 – 17.02.2017 во домаќин училиштето  „DROTTNING BLANKAS GYMNASIESKOLA“

Учениците беа раководени од страна на наставниот кадар по практична и теоретска обука Васка Леонтиќ која е  кординатор на самите проекти . Учениците самостално ги вршеа зададените техниките на работата, под целосна супервизија на менторот од Скопје и од домаќините училиштата.

Преку реализирањето на проектот, учениците стекнаа искуство во областа на практичната обука,изучување на нови техники на работа од областа на фризерските,козметичките и шминкерските услуги во странство, ги усовршија своите вештини и стекнаа нови знаења. Се запознаа со нов европски протокол и систем на работа, различен систем при изработка на хемиски третмани за коса и лице во функција на заштита на човековата околина, а професионално  се усовршија и изучија многу нови техники на работа. Исто така проектот има свој придонес за учениците, во однос на  проширување на знаењата во областа на странскиот јазик и јазикот на земјата–домаќин, културолошката и педагошка подготовка, запознавање на традицијата и културата на домаќините  што во иднина ќе придонесе за повеќе мобилности за ученици во Рига и Малме.

Од особено значење се сертификатите со кои се здобија учениците на крајот од обуката: Сертификат од партнерот во проектот од училиштата од ВИТЕРБО, РИГА И МАЛМЕ – со мислење од менторот- „Еуропас  мобилити – сертификат“.

Многу значаен е фактот што менторите во своите извештаи го истакнаа своето задоволство од одговорноста на учениците, нивната посветеност и заинтересираност во работата, да научат повеќе, да работат на сложени техники на работа, употребувајќи најсовремена опрема и алат.

Планираните цели за време на мобилноста беа реализирани во целост. Поради успешниот изминат проект, „Академија Леонтиќ“ од Еразмус+ доби одобрување на уште еден за кој ќе добие неповратен финансиски грант од 57.725 евра.

Доколку и вие сакате да бидете дел од програмата ЕРАЗМУС+, како и да аплицирате со свој проект, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

Фотографии: „Академија Леонтиќ“- http://leontic.com.mk

 

web admin

„Get Inovation“ од Битола координатор на проект финансиран со ЕРАЗМУС+ грант од 18,691 евра

„ГЕТ Иновација“ од Битола е непрофитна организација која ги промовира технологијата и иновативноста, преку различни локални и интернационални проекти. Еден од тие проекти е „Safe Drive, Saves Life”, каде што се јавува како координатор, а како партнери се вклучени Романија, Естонија, Словачка и Полска.

Превенцијата на насилството на патиштата е главната тема која се разработуваше за време на младинската размена “Безбедното возење го спасува животот” што се одржа во Радожда, Струга, од 15-ти до 24-ти април 2016 година.

40 млади луѓе од Македонија, Полска, Естонија, Романија и Словачка беа во можност да присуствуваат на проектот и да се бидат дел од  уникатна проектна тема и методологија за работа. Учесниците, повеќето од нив студенти, млади луѓе на почетокот на нивните работни кариери, луѓе со помалку можности или дури и некои од нив на почетокот на нивните искуства како возачи, беа вклучени во проектот. Овој проект има за цел да ги едуцира младите за важноста на превенцијата и одговорноста на патиштата, безбедно возење, да ги подготви за опасни ситуации додека се на пат и да ги направи свесни за ризиците со кои се соочуваме во секојдневниот живот додека се вклучени во сообраќајниот метеж.

Овој проект беше имплементиран со цел да се поддржи Програмата за безбедност на патиштата која има за цел намалување на смртните случаи во Европа во периодот од 2011 до 2020 година иницирана од Европската комисија. Покрај оваа програма, заедно со партнерите дошле до заклучок дека темата на проектот силно се однесува на тековните случувања во земјите вклучени во проектот, особено кога зборуваме за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди и недостаток на култура на возење и правила на почитување на возењето.

Проектот беше финансиран од европската програма ЕРАЗМУС+, со неповратен грант во износ од 18,691 евра.

Доколку и вие сакате да аплицирате со ваш проект за грант од програмата ЕРАЗМУС+, сите информации може да ги најдете ОВДЕ

web admin

Ракометнo-новинарскиот проект на „Млади Инфо“ добитник на грант од ЕРАЗМУС+ во висина од 51,355 евра

Невладината и непрофитна организација „Млади Инфо“ од Скопје во 2015 година го спроведе проектот „Let’s play handball- Sport Reporting Volunteering”.

Проектот имаше за цел да се справи со два предизвици кои требаше да се решат: недостаток на интерес на младите луѓе во спортот и недостаток на стручна обука за младите за време на нивните студии. Затоа, беа поканети 30 млади студенти по новинарство од европски земји да учествуваат во Европска волонтерска служба  и како волонтери да ги покриваат настаните на меѓународниот спортски настан што се одржа во Македонија: 17-тото Европско Првенство за Кадетки.  Учесниците поминаа 40 дена во Македонија (22 јули – 31 август 2015 година), за да во пракса научат повеќе за спортското новинарство и мултимедија и да произведат статии и други мултимедијални содржини што ќе ги документираат во текот на шампионатот. 

Преку неформалните методи на учење, ова искуство ќе им овозможи на студентите по новинарство да го подобрат нивото на новинарските вештини, кои подоцна можат да ги применат во нивната професионална кариера и на тој начин да ја зголемат нивната можност за вработување. Понатаму, волонтирањето во спортот придонесува за активно граѓанство и за интеграција на граѓаните со различно потекло преку создавање на подобро разбирање и почитување.

За спроведување на проектот, „Млади Инфо“ од ЕРАЗМУС+ европската програма доби неповратен грант од 51,355 евра.

Повеќе информации за ЕРАЗМУС+, како и можностите ВИЕ да аплицирате со сопствен проект, може да прочитате ОВДЕ

 

web admin

Институтот за бизнис економија од Скопје координатор на проект добитник на ЕРАЗМУС+ грант од 255,255 евра

Институтот за бизнис економија од Скопје е е научно-истражувачка и консултантска институција во областа на економските и организациони науки.  На институтот се изработени голем дел на проекти, кофинансирани од фондовите на Европската Унија, а еден од нив е „Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование“

Периодот на спроведување на проектот беше од 2015 до 2016 година, Институтот за бизнис економија се јавува како координарот, а како партнери се јавуваат универзитети од Италија, Словенија и Латвија.

Главната цел на проектот е поддршка на развојот на иновативни научно-наставни методи и идеи преку долгорочна стратешка соработка на високообразовни институции и компании на европско ниво и подобрување на развојот на одржлив научен напредок во високообразовните институции.

Специфичните цели на објектот се:

– Имплементација на модели за ефективно и практично учење, преку подигнување на свеста за создавање на култура подобна за иновации: воспоставување на најдобри едукативни практики посветени на подобрување на постоечките наставно-научни методи во партнерските институции, поттикнување на иновација, креативност, како и бизнис и лидерски вештини,

–  Правење на основа за промовирање на иновациите и различни кариерни опции помеѓу сегашните и идни студенти: развој на соработка помеѓу сите стејкхолдери посветена на зголемување на заедничките врски на сите оперативни нивоа, фокусирање на промоција на интрапретприемништво.

-Развој на иновативно ИТ решение – платформа: креирање на иновативно решение кое ќе ги поврзе сите заинтересирани страни и ќе креира широк спектар на можности за споделување на искуства, заедничко дејствување и додадена вредност на вклучените страни во проектот.

Овие цели се одговор на повеќе потреби како што се: зајакнувањето на врската помеѓу високообразовните установи и бизнис секторот, поставување на заеднички модерни наставно-научни практики, на база на постоечки курикулуми кои веќе ги имплементираат партнерите во проектот, подигнување на свеста за иновација кај студентите и подобрување на интрапретприемничката култура во бизнис секторот. Главната цел на проектот е да се даде одговор на овие потреби, за да се создаде иновативна култура, подржана од долгорочна постојана соработка помеѓу високообразовните институции и бизнис секторот, како и креирање на најдобри наставно-научни практики помеѓу високообразовните институции, со цел зајакнување на иновативните и претприемачките капацитети на студентите.

web admin

Здружението Балканија од Скопје добитник на ЕРАЗМУС+ грант од 12 570 евра

БАЛКАНИЈА е здружение за балкански алтернативен туризам, составено од осум земји-членки од Балканот и Италија. Активностите на Балканиа вклучуваат реализација на проекти од областа на туризмот со цел да се промовира целиот балкански регион како туристичка дестинација.

Во соработка со организација од Италија, Балканиа како координатор го спроведе проектот „Albergo Diffuso – Учење за културата, традицијата и јазиците преку нови форми на одржлив туризам“.

Проектот е со цел да се зајакнат компетенцијата, вештините и знаењето на вработените во однос на новите одржливи форми на туризам во Италија, а подоцна и усвоени од само неколку други земји. Сакаме и нашиот персонал да ги подобри своите знаења за италијанскиот алтернативен туризам воопшто, еден од најдобро развиените алтернативни и одржливи туризам во Европа, особено со културата и традицијата поврзана со овој туризам, како и да научат нова терминологија поврзана со овој специфичен туризам ( на англиски и италијански јазик).

Главна активност на проектот е мобилност во Италија, главен предмет е туризмот, културата и традицијата, т.е. курсот Albergo Diffuso. Организацијата од Италија беше одговорна за материјали, организација, сместување и оброци за учесниците, логистиката и транспортот за време на мобилноста во Италија. Програмата вклучуваше посета на места од значење за културата, историјата, традицијата и туризмот, како што се Кастело Пиколомини во центарот на градот Целано, Секстантио и Ровере со нивната околина и Кантина Коператива Дел Фучино.

Проектот се спроведе од 15-07-2015  до 14-07-2016, а од европската програма ЕРАЗМУС+ доби неповратен финансиски грант во износ од 12,570 евра.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за програмата ЕРАЗМУС+, како и можностите кои ги нуди, сите информации може да ги прочитате ОВДЕ