web admin

Повик за предлог проекти за ЕРАЗМУС+ за 2017

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ 2016 – EAC/A03/2016

Програма Еразмус +

(2016/C 386/09)

  1. Вовед и цели

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт како и на 2016 и 2017 Еразмус+ Годишната работна програма. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

  1. Акции

Овој повик за предлог проекти ги опфаќа следните акции на Програмата Еразмус +:

Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на индивидуи

  • Мобилност на индивидуи во областа на образование, обука и млади
  • Стратешки ЕВС проекти
  • Настани од големи размери – Европски волонтерски сервис
  • Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи

 Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри практики

  • Стратешки партнерства во областа на образование, обука и млади
  • Алијанси на знаења
  • Градење на капацитети во областа на високото образование
  • Градење на капацитети во областа на младите

Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформи на политиките

  • Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите

Жан Моне активности

  • Жан Моне катедри
  • Жан Моне модули
  • Жан Моне центри на извонредност
  • Жан Моне поддршка за здруженија
  • Жан Моне мрежи
  • Жан Моне проекти

Спорт

  • Партнерства за соработка
  • Мали партнерства за соработка
  • Непрофитни Европски спортски настани

  1. Подобност

Секоја јавна или приватна институција активна во полето на образование, обука, млади и спорт може да аплицира за да биде финансирана во рамките на програмата Еразмус +. Понатаму, групи од млади лица кои се активни во полето на младинска работа, но не е неопходно да се во контекст на младински организации, можат да аплицираат за финансирање на мобилност на млади и младински работници, како и за стратешки партнерства во областа на млади.

Програмата Еразмус + е отворена за учество во следните земји[1]:

Следните програмски земји можат целосно да учествуваат во сите акции на Програмата Еразмус+:

  • 28 земји членки на Европска унија,
  • ЕФТА/ЕЕА земји: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка,
  • Земји кандидатки за членство во ЕУ: Турција, Македонија

Покрај тоа, одредени акции од програмата Еразмус+ се отворени за организации од партнерски земји.

Ве молиме погледнете го програмскиот водич Еразмус+ за дополнителни детали во врска со учеството во програмата.

  1. 4.   Буџет и траење на проектите

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог проекти се проценува на 2 157,1 милиони евра:

Образование и обука

:

1 905,4 милиони евра[2]

Млади

:

209,1 милиони евра

Жан Моне

:

10,8 милиони евра

Спорт

:

31,8 милиони евра

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог проекти како и нејзината поделба е индикативна и може да биде изменета врз основа на амандман на Еразмус+ Годишната работна програма. Потенцијалните апликанти/корисници се советуваат редовно да го проверат Еразмус+ Годишната работна програма и нејзините амандмани, објавени во:

http://ec.europa.eu/dgs/education_culture/more_info/awp/index_en.htm

во однос на расположливиот буџет за секоја акција опфатена со овој повик.

Нивото на доделени грантови како и времетраењето на проектите зависат од фактори како што се видот на проектот и бројот на партнерикои се вклучени.

  1. 5.   Краен рок за доставување на апликации

Сите крајни рокови за доставување на апликации се специфизирани на пред и до 12.00 часот (напладне), Бриселско време.

Клучна Акција  1

Мобилност на индивидуи во областа на образование и обука

2 февруари 2017

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

2 февруари 2017

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

26 април 2017

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

4 октомври  2017

Стратешки ЕВС проекти

26 април 2017

Настани од големи размери – Европски волонтерски сервис

5 Aприл 2017

Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи

16 февруари 2017

Клучна Акција  2

Стратешки партнерства во областа на образование, обука

29 март 2017

Стратешки партнерства во областа на млади

2 февруари 2017

Стратешки партнерства во областа на млади

26 април 2017

Стратешки партнерства во областа на млади

4 октомври  2017

Алијанси на знаења

28 февруари 2017

Градење на капацитети во областа на високото образование

9 февруари 2017

Градење на капацитети во областа на младите

8 март 2017

 

Клучна Акција 3

Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите

2 февруари 2017

26 април 2017

4 октомври  2017

Акција Жан Моне

Катедри, модули, центри за извонредност, поддршка на институции и здруженија, мрежи, проекти

23 февруари 2017

Акција Спорт

Партнерства за соработка

6 април 2017

Мали партнерства за соработка

6 април 2017

Непрофитни Европски спортски настани

6 април 2017

Ве молиме погледнете го Еразмус + програмскиот водич за понатамошните детални инструкции за поднесување на апликации.

  1. Сумарни детали

Целосни услови за повикот за предлог проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во водичот за Еразмус + програмата на следниов интернет портал:

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources_en

Еразмус + програмскиот водич содржи интегрален дел од овој повик за предлог проекти, како и услови за учество ифинансирање кои целосно се применуваат во овој повик.

Извор: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност

web admin

Што поддржува и на кого се однесува COSME?

Детали и корисни информации како и линкови за една од клучните европски програми COSME.

COMPETITIVENESS OF ENTERPRISES AND SMEs (COSME)

КЛУЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Целосен Буџет: €2,3 billion

Тематски категории: Трговија и тргување, Економски раст и конкурентност, Информатика и компјутерски технологии.

Корисници: приватен сектор, јавен сектор

Повеќе информации: Генерален директорат за претпријатија и индустрија

http://ec.europa.eu/enterprise/initiatives/cosme/ index_en.htm

EASME-COSME-EEN-CALL-2014@ec.europa.eu

Детали за Програмата

Програмата за конкурентност на претпријатија и мали и средни претпријатија (COSME) има за цел поттикнување на конкурентноста на европските претпријатија. Со малите и средни претпријатија како и тековни и потенцијални претприемачи и поддршка на бизнис организации како нејзини главни цели, оваа програма обезбедува подобар пристап до финансии, обезбедување на услуги за бизнис поддршка и промоција на претприемништвото. Тоа во голема мера ги продолжува активностите з апочнати во рамките на програмата за конкурентност и иновации (CIP), а исто така обезбедува континуитет со иницијативи и акции веќе преземени според Програмата за претприемништво и иновации (EIP), како што се Европската мрежа на претпријатија.

COSME ќе ги поддржува, надополнува и координира активностите од страна на земјите-членки. Програмата посебно ќе ги адресира проблемите на транснационален карактер, кои, со помош на економиите во развој или со нивната демонстративна сила, може поефикасно да сеобратат на европско ниво, како што се:

  • надминување на пазарната фрагментација во единствениот пазар;
  • олеснување на усвојување на најдобрите практики во земјите-членки.

Поддржани акции

  •  Пристап до финансии за мали и средни претпријатија преку посветени финансиски инструменти. Финансиските инструменти целат компании во различни фази на нивниот животен циклус: создавање, проширување и трансфер. Сопственички објект за раст ќе обезбеди капитал за  претпријатија, особено во фазата на раст.
  • Enterprise Europe Network: мрежа на центри за деловни услуги. Оваа мрежа е “едношалтерски систем” за бизнис потребите на мали и средни претпријатија во ЕУ и пошироко.
  • Претприемништво. Поддршка ќе биде дадена за поттикнување на транс-национални мрежи, за размена на добри практики и идентификација на можности за проширување на деловни активности.
  • Подобрување на рамковните услови за конкурентност на претпријатија и развојна политика. Ќе се превземе аналитичка работа за да се олесни креирањето на политики базирана на докази од страна на националните и регионалните политичари.
  • Интернационализација на мали и средни претпријатија. Програмата COSME ќе им обезбеди на малите и средни претпријатија поддршка за да се олесни бизнис експанзијата во единствениот пазар на ЕУ и на пазарите надвор од ЕУ. Ќе се негува меѓународната деловна соработка, особено за да се намалат разликите во регулаторните и бизнис средини, меѓу ЕУ и нејзините главни трговски партнери.

НИВО НА ФИНАНСИИ
(
КО-ФИНАНСИРАЊЕ)

40% -60%

 

web admin

ERASMUS+ инструмент за финансирање …

Детали и корисни информации како и линкови за новата ЕУ програма Erasmus+.

КЛУЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Целосен Буџет€14,8 милјарди

Тематски КатегорииЕдукација и Обуки, Младина, Спорт

КориснициПриватен сектор, Јавен сектор, Непрофитни организации, Академски институции и истражувачки центри

Повеќе информацииEducation, Audiovisual and Culture Executive Agency http://ec.europa.eu/erasmus-plus/https://eacea.ec.europa.eu/about-eacea/ contacts_en

ДЕТАЛИ ЗА ПРОГРАМАТА

Erasmus+  е новата ЕУ програма за едукација, обуки, младина и спорт за 2014-2020. Ги вклипува претходните Lifelong Learning Programme, Youth in Action и пет интернационални програми за соработка. Исто така вклучува и спорт. Во целост програмата е насочена кон поддршка на развивањето на услуги, кооперација и алатки поврзани со целите на Европа 2020 стратегијата и нејзините водечки иницијативи.

Erasmus+ е дизајнирана да ги поддржи напорите на Земјите членки за ефикасно искористување на човечкиот капацитет кој е неоткриен, во меѓувреме потврдувајки го принципот на долгорочно учење преку поврзување на поддршката на формално, неформално и информално учење преку едукација и обучување. Додатно на доделувањето грантови за индивидуалци, Erasmus+ ќе ги поддржи транснационалните партнерства помеѓу Едукацијата, Обуките и Младинските институции и организации со цел да основа соработка и да ги поврзе светот на Едукацијата и работата со цел да ги пополни полињата со вештини кои недостасуваат во Европа.

Во полето на спортот, ќе постои поддршка за нови проекти и прекугранични подвизи како борба против местењето на натпревари, допинг, насилство и расизам.