web admin

Што е Horizon 2020?

Детали и корисни информации како и линкови за една од клучните европски програми Horizon 2020.

Horizon 2020 е клучната програма на Европската Унија за периодот до 2020 наменет за зголемување на конкурентноста на европската економија, за која се на располагање фантастични 80 милијарди евра.

Клучни информации

Вкупен буџет: 77,03 милијарди €

Тематски категории: енергетика, животна средина, здравство, индустрија, информатички и комуникациски технологии, правда, безбедност, социјални работи и човекови права, простор, телекомуникации, транспортот, млади, економски раст и конкурентност

Корисници: приватен сектор, јавен сектор, не-профитни организации, академски институции и истражувачки центри

Повеќе информации: Генерален директорат за истражување и иновации

http://ec.europa.eu/programmes/horizon2020/ http://ec.europa.eu/research/index. cfm?pg=enquiries

Детали за програмата

Општата цел на Horizon 2020 (H2020) е да придонесе за градење на општество и економија базирана на знаење и иновации во рамките на Унијата, со користење на дополнителни истражувања, развој и финансирање на иновации како и преку придонес за постигнување на цели на истражување и развој, вклучувајќи ги и целните 3% од БДП за истражување и развој во Унијата до 2020 година. Сето тоа ќе ја поддржи имплементацијата на стратегијата Европа 2020 како и другите политики на Унијата, како и остварувањето и функционирањето на Европската истражувачка област (ЕRА).

Оваа општа цел ќе се постигне преку три меѓусебно поткрепe приоритети:

(a) Excellent  science.

(b) Industrial leadership.

(c) Societal challenges.

Општата цел ќе се постигне исто и преку конкретните цели “Spreading excellence and widening participation” и “Science with and for society”. Заедничкиот истражувачки центар ќе придонесе кон општата цел и приоритетите на H2020 преку обезбедување на научна и техничка поддршка на политиките на Унијата во соработка со релевантните национални и регионални чинители, каде што е соодветно. На пример, на развојот на паметни стратегии за специјализација.

Поддржани Акции

  • Активностите за истражување и иновации се состојат претежно од активности со цел да се воспостават нови знаења и/или да се истражуваат можности за нова или подобрена технологија, производ, процес, услуга или решение. За таа цел може да се вклучат основни и применети истражувања, технолошки развој и интеграција, тестирање и валидација на мали прототипи во лабораторија или симулирана животна средина. Проектите можат да содржат тесно поврзана, но ограничена демонстрација или пилот активности со цел да се покаже техничката изводливост во близина на работната средина.
  • Иновациски активности првенствено се состојат од активности кои се директно насочени кон подготовка на план и подготовка или дизајнирање на нови, изменети или подобрени производи, процеси или услуги. За таа цел може да се вклучат прототипови, тестирање, демонстрација, пилот, валидација на призводи од голем степен и пазарна репликација.
  • Координација и Поддршка за Акциите се состои претежно од придружни мерки како стандардизација, дисеминација, подигање на свест и комуникација, вмрежување, координација или услуги за поддршка, договарање на политики и заедничко учење на вежби и студии, вклучувајќи студии по дизајн за нова инфра структура, а може да вклучува и комплементарни активности на стратешко планирање, вмрежување и координација меѓу програмите во различни земји.
web admin

Доделен првиот сертификат за Еразмус+ „Повелба за мобилност во Македонија“

Првиот сертификат во Македонија за Еразмус+ „Повелбата за мобилност за стручно образование и обука“ денеска беше доделен на училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје.

Повелбата денеска ја врачи директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров на директорката на АСУЦ „Боро Петрушевски“ Соња Ристовска.

Како што се наведува во соопштението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје ги исполни сите критеруми и стандарди и успешно аплицираше за европската Повелба, со чие стекнување се овозможува да се аплицира на поедноставен начин за проекти од  Еразмус+ програмата и клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени почнувајќи од 2017 година.

Со воведувањето на Повелбата во Македонија сите лица инволвирани во стручното образование и обука добиваат унифицирано признание на европско ниво по однос на градење на капацитетите за организирање квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.